„Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улица ‘Војдан Чернодрински’ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ “, се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму дополнуваат дека на местото на настанот се најдени повеќе чаури и се преземаат мерки за расчистување на случајот.