Мобилната единица на МВР вчера попладне, во 18:55 часот, на експресниот пат Штип – Радовиш, го пресретнала П.К. со специјално возило – пресретнувач и измерила брзина на движење на неговото патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.
„Сообраќајните контроли со специјалните возила – пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, наведува МВР.






