четврток, 22 јануари 2026

Прекршочна постапка против градоначалникот на Јегуновце, соопшти СВР Тетово

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на Секторот за внатрешни работи Тетово се вели дека до Основниот суд Тетово поднесе барање за поведување прекршочна постапка за 44-годишниот Д.К. од тетовско Туденце, актуелен градоначалник на oпштина Јегуновце.

„Според пријавеното, тој на 5 јануари годинава околу 11 часот и 30 минути, во Архивата на општинскиот објект, најпрво вербално се расправал со М.М.(69) од Скопје, управител на приватна фирма, му ги зел, му ги стуткал и фрлил документите на една од масите и го истуркал од просторијата. М.М. претходно бил повикан од службено лице на општината да достави фактури за претходно извршени услуги за општината, односно поради нерасчистени должничко-доверителни односи. Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе, исто така, барање за поведување прекршочна постапка и за М.М.(69) од Скопје кој, според пријавеното, го навредувал и му се заканувал на Д.К(44), откако тој му ги стуткал и фрлил документите и го истуркал од општинската Архива“, соопшти СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ