вторник, 3 јуни 2025

Пред 4 месеци исчезнатиот Миле виден на планината Серта, со долга коса и брада

Миле Тодоров (28), кој се води за исчезнат од јануари, бил забележан додека се движел покрај планината Серта. Во објава на социјалните мрежи, чијашто автентичност е потврдена од семејството и од полицијата, се вели дека очевидец го забележал на релација Неготино-Штип. Бил ослабнат со долга коса и брада.

Објавено на

часот

Сподели

Се апелира доколку некој го забележи да пријави во МВР. Миле последен пат бил виден на 30 јануари, годинава, во Марена, околу 10.30 часот. Во објавата за неговото исчезнување стои дека бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ