понеделник, 28 јули 2025

Пожарникари пронашле изгорени човек и добиток во пожар кај Ѓорче Петров

Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчера вечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР во дневинот билтен, вчера во 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на сува трева кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни.

„Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во полицискиот билтен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ