петок, 20 март 2026

Пожари во Скопје и Прилеп, изгоре напуштена куќа и четири мотоцикли

Два пожари се регистрирани во текот на минатото деноноќие во Скопје и Прилеп, при што е причинета материјална штета, а повредени нема.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Првиот случај бил пријавен вчера попладне, кога во селото Љубанци, скопско, избувнал пожар во куќа во која, според информациите, не живеел никој. На терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која успеала да го изгасне огнот. По интервенцијата е извршен увид за утврдување на причините за пожарот.

Неколку часа подоцна, околу 21 часот, пожар избувнал и во Прилеп, на паркинг простор пред магацин на фирма на улицата „Стеван Апостолоски“. Во огнената стихија целосно изгореле четири мотоцикли, кои биле сопственост на фирмата.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.

Надлежните служби работат на расчистување на двата случаи и утврдување на причините за избувнувањето на пожарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ