недела, 22 февруари 2026

Пожар зафати две возила во Струмица, нема повредени

Две паркирани возила изгореа во пожар што синоќа избувнал на паркинг-простор пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица, информираа од СВР Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, вчера во периодот од 19:30 до 19:45 часот, настанал пожар на патничко возило ланд ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на Н.М. (51) од Струмица. Огнот се проширил и зафатил уште едно паркирано возило форд, исто така со струмички регистарски ознаки, сопственост на В.Т. (53) од Струмица.

Од Територијална противпожарна единица Струмица соопштија дека пожарот бил изгаснат навремено и дека нема повредени лица.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршиле инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ