Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор вкучено е дополнително потивпожарно возило.
„Има повредени седум лица, со вдишување чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помаш. Пожарот за кратко време е локализран и целосно изгаснат“, изјави Томевски.
Екипите на МВР работат на утврдување на причините за пожарот.






