„Добивме дојава за пожар во прочистителната станица во Мојанци и веднаш интервениравме со четири возила и осум пожарникари. Со нас беше и возило од ДПД . Пожарот од наша страна брзо е локализиран и изгаснат . Беше запален и зафатен дел од прочистувањето на метанот, но сега веќе нема опасност. Фабриката продолжува да работи“, изјави доцна синоќа, Драган Апостолов, командир на кочанската ТППЕ.

Предизвикана е само материјална штета, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Брзата реакција на кочанските пожарникари спречила проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуална негово експлодирање.






