четврток, 29 мај 2025

Пожар во куќа во Трубарево, се запалиле електрични осигурувачи

Вчера утро во СВР Скопје, М.Г. од село Трубарево, скопско, пријавила дека истиот ден околу 6:40 часот во задниот дел од куќата, каде што се наоѓала кутијата со електрични осигурачи настанал пожар кој ја зафатил и фасадата од куќата.

 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Во Градската општа болница 8-ми Септемри во Скопје на нејзиниот сопруг М.Г. , нејзиниот син П.Г и нејзиниот девер В.Г. им била пружена лекарска помош поради вдишување на чад. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид бил извршен од стручно лице вештак и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ