сабота, 7 март 2026

Пожар во куќа во Скопје, полициски службеник вдишал чад

На 6 март 2026 година во 08:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа на улицата „Партениј Зоографски“, сопственост на правно лице, во која во моментот немало станари.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје.

По гаснењето на пожарот, полициски службеник кој бил ангажиран како физичко обезбедување на местото на настанот влегол во објектот за да провери дали има евентуално повредени лица. При тоа вдишал чад, по што му била укажана лекарска помош во Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“.

Од страна на надлежните служби бил извршен увид за утврдување на причините за пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ