Според пријавата, вчера околу 23:25 часот се запалило возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово, каде им била укажана лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.






