недела, 14 декември 2025

Пожар во автомобил на паркингот на болницата во Чаир

Ноќеска околу 02:42 часот избувнал пожар во патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки, паркирано на паркинг просторот во кругот на Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

Возилото е во сопственост на А.П.(37) од Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот нема повредени лица.

Пожарот бил изгаснат од граѓани кои се затекнале на местото на настанот. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ