„Инцидентот е регистриран вчера попладне кога поради технички дефект избувнал пожар во гума на возило цистерна, управувано од македонскиот државјанин И.П.(33). Како последица на тоа, оштетена се само гумите на возилото“, стои во полициското соопштение.
Се додава дека за среќа немало експлозија бидејќи последиците можеле да бидат трагични.
На местото на настанот веднаш пристригнало и противпожарно возило.






