„Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.
Во септември и во август, годинава беа евидентирани слични состојби на затруени деца од таблети и од детергент. Во јули, пак имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе, исто така од липковското село Отља, а неколку дена подоцна десетмесечно бебе од Куманово.






