петок, 20 март 2026

Повторно горат автомобили во Скопје, за 24 часа опожарени две коли

МВР денеска соопшти дека во изминатото деноноќие, во Скопје, во два засебни случаи опожарени биле два автомобили.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Денеска околу 3:27 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош настанал пожар на патничко возило мерцедес со скопски регистарски ознаки сопственост на С.К.(58) од Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

Во вториот случај пак, во 3:40 часот Љ.В.(58) од Идризово, скопско пријавил дека од страна на две лица со запалива течност било опожарено патничко возило шкода фабија со скопски регистарски ознаки сопственост на неговиот син по што со мотоцикл го напуштиле местото на настанот. Од страна на пријавителот пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ