За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
„На 31.01.2026 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во село Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди“, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.






