среда, 18 март 2026

Повредени тројца пешаци

Тешко се повредени тројца пешаци во одделни сообраќајни несреќи во Велес, Охрид и Берово.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во Велес на улицата „8 Септември“ патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П. (62) од Велес, удрило во пешакот Б.Ј.(81) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Ј., констатирани во Општата болница Велес.

Во Охрид на улицата „7ноември“ вчера патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (74) од Охрид, удрило во пешакот Р.К. (70) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

На регионалниот пат Берово-Делчево, патничко возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(66) од Пехчево, вчера удрило во пешакот С.М. (52) од село Чифлик, Пехчевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ