Од СВР-Битола за МИА потврдиле дека сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14:40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.
Во сообраќајката учествувале комбе, патничко возило и товарно возило.
По сообраќајката лекарска помош во Битолската клиничка болница помош побарале 20 лица. Кај 14 лица се констатирани лесни, а кај шест потешки повреди. Бидејќи кај ниту едно лице не се констатирани тешки телесни повреди, ниту едно лице не е хоспитализирано, односно не се задржани лица на болничко лекување.
„Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници“, известија од СВР-Битола.






