четврток, 1 јануари 2026

Повреден возачот на камионот што излета кај клучката Хиподром – автопатот кон Куманово сѐ уште е во прекин

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучката Хиподром, утрово од 9 часот беше во прекин поради сообраќајка каде товарно моторно возило марка мерцедес удрило во банкина.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Скопје, во несреќата е повреден возачот на товарното возило, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот на овој дел од автопатот е во прекин. Возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје–Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ