„Денеска околу 00:17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар Октомвриска револуција, Иво Лола Рибар и Ѓорче Петров во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило поло со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т. од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило поло со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К. од Куманово. Во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиника Мајка Тереза во Скопје“, соопшти СВР Куманово.
И Tериторијалната противпожарна единица интервенирала на сообраќајката, од каде наведуваат дека ја отворале вратата на еден од автомобилите.
Екипа СВР Куманово извршила увид.






