Повредениот пожарникар бил пренесен за укажување помош во Градската болница Прилеп.
Вчера во ОВР Прилеп е пријавено дека настанал пожар на улицата „Дебарца” во Прилеп, при што зафатени биле куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, при што пожарникарот З.Г. (53) од село Крушеани, прилепско, бил повреден од струен удар и бил пренесен во Градска болница Прилеп за укажување помош, информира МВР. Увидот извршила екипа на ОВР Прилеп.






