недела, 14 декември 2025

Повреден пешак на патот Струмица – Ново Село

Пешакот Ж.Ј. (47) од село Габрово е потешко повреден на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, кај истоименото село, откако во него удрил автомобил, соопштија денеска од СВР Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од село Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од село Габрово. Во несреќата потешко е повреден пешакот, а повредите се констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Струмица

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ