вторник, 3 март 2026

Повеќе кривични пријави за трговија со дрога, запленета марихуана и амфетамин

На повеќе локации во земјава полицијата пронајде марихуана, амфетамин и бела прашкаста материја. Приведени четири лица, пријава има и за еден припадник на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата спроведе повеќе одвоени акции против недозволена трговија и поседување дрога во Скопје, Охрид и Прилеп, при што се лишени од слобода повеќе лица и поднесени се кривични пријави.

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С., М.Д. В.Т. и А.Р., сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Скопје поднесе кривична пријава  и против Ј.А. поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

Кривична пријава е поднесена и против Ф.Ј. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

„На 27.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „алфа ромео“, во кое се превезувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, информираше МВР.

Кривична пријава е поднесена и против И.Р. од Прилеп, припадник на Армијата, кај кого на 12 февруари при контрола на ранец во касарна во Петровец била пронајдена и одземена марихуана.

Во одделни случаи, СВР Охрид поднесе пријава против Ф.С. од струшкото село Велешта, кој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Охрид, додека ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.А., осомничен дека снабдувал повеќе лица со марихуана на различни локации во Прилеп и прилепско.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ