На улицата „Благоја Тоска“ бил приведен 44-годишен тетовец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја, при што тој посочил дека ја набавил од 62-годишен сограѓанин, кој подоцна исто така бил уапсен. Кај вториот осомничен биле пронајдени мобилни телефони и пари, а постои сомнение за трговија со дрога.
Во одвоен случај на улицата „167“, полицијата привела уште две лица, откако кај едно од нив била пронајдена наркотична материја.
„Сите приведени се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави“, информираа од СВР Тетово.






