вторник, 13 мај 2025

Поведена истрага за 19-годишник за грубо насилство врз двајца оштетени

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник, осомничен за кривично дело – насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира државното јавно обвинителство, на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете кое било сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бекатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице“, информира обвнителството.

Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложил на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ