петок, 9 мај 2025

Поранешната партнерка му дала клуч од дома, а тој украл документи и ѝ го присвоил аудито

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З. (36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување. Пријавениот во мај 2024 година присвоил патничко возило ауди а6, сопственост на негова поранешна вонбрачна партнерка.

Објавено на

часот

Сподели

Таа му дала клучеви од нејзиниот стан во Куманово, а тој искористил прилика и ја одзел целокупната документација за возилото, врз основа на која изготвил фалсификуван договор за купопродажба на возилото кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел оштетената.

Потоа, договорот го употребил како вистински во постапка за регистрирање на возило за промена на сопственост на негово име.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ