„Синоќа во 20:50 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка од Скопје пријавила дека во периодот од октомври 2025 година до вчера била вознемирувана и следена на различни локации од нејзиниот поранешен партнер С.Н.(28), кој притоа и упатувал и закани кон неа и кон нејзиното семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21:20 часот во скопско село, го лишиле од слобода Ц.Н.(40) од селото, постапувајќи по пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






