понеделник, 22 декември 2025

Поради убиство на сопствената мајка, жител на тетовско Селце заврши во притвор

Објавено на

часот

Сподели

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што информира ЈО, вчера во дворот на семејната куќа во која живееле, осомничениот, без повод и причина, ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.

„Со ваквото дејствие тој сторил кривично дело ‘убиство‘ од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик“, се додава во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ