недела, 14 декември 2025

Поради нелегален транспорт на огревно дрво приведен жител на село Бањица

Полициски службеници од pолициското одделение Чашка, во координација со Шумската полиција, синоќа  околу 19:50 часот го привеле 54-годишниот Џ.Е. од село Бањица, Општина Чашка под сомнение за нелегален транспорт и поседување на огревно дрво.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат денеска од СВР Велес, при спроведување на редовна контрола во атарот на селото Бањица, полицијата запрела трактор без регистарски ознаки, управуван од Џ.Е. При прегледот биле пронајдени и одземени 2,8 кубни метри дабови огревни дрва за кои лицето не поседувало соодветна документација, ниту испратница. Дополнително била одземена и една моторна пила.

Тој бил приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ