четврток, 19 март 2026

Полјак и Србин фатени на македонска граница по распишани потреници од Интерпол

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера напладне граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.С.(54) од Полска, затоа што при извршена проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по телеграма од Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка“, информираше МВР.  
 

Оттаму уште соопштија дека утрово во 2:30 часот на граничниот премин Пелинце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(31) од Србија, затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во оперативната евиденција е на Стоп-листа, односно се бара по телеграма од Интерпол-Австрија.

„Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ