На територијата на Македонија полицијата со радар утврди дека 135 возачи возеле пребрзо, од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 62 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР.






