Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашните засилени акциски контроли, во периодот од 22 до 4 часот, на територијата на Македонија изрече 215 казни за возачи кои управувувале возила под дејство на алкохол.
Од нив, како што информираат од МВР, 65 се на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид, како и во други градови.
МВР предупредува дека ќе продолжи со засилените акциски контроли и апелира да се почитуваат сообраќајните прописи и правила.






