понеделник, 22 декември 2025

Полицијата заплени 16 килограми марихуана наменета за црниот пазар во Грција

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од МВР се наведува дека се откриени 16 килограми марихуана, спакувана во 20 полиетиленски пакувања сместени во две торби.

Приведени се две лица, 30-годишен жител на Валандово со иницијали Т.П. и 31-годишен жител на Гевгелија со иницијали Ј.Р. Запленети се две возила и неколку мобилни телефони.

До гевгелиското обвинителство е поднесена кривична пријава, и лицата ќе бидат спроведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија кој одлучува за евентуална мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ