среда, 24 декември 2025

Полицијата уапси насилник кој украл пари од вработена во обложувалница

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во 1 часот по полноќ во мотел во Тетово го лиши од слобода К.В.(27) жител на градот.

Тој се сомничи дека вчера, околу 21 часот, со употреба на сила кон вработената одзел пари од спортска обложувалница на улицата „Иво Лола Рибар” во Тетово.

„При преглед кај него биле пронајдени парите и еден нож, а во полициска станица со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ