среда, 24 декември 2025

Полицијата спаси маж од водите на Вардар, на вливот на Лепенец

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 12:45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено , односно спасено од водата од страна на полициски службеници од Полицисиката станица за општа надлежност Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Подоцна било утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци.

Од страна на Итната медицинска помош лицето е пренесено во ГОБ „8-ми Септември”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ