Од вкупно изречените 240 санкции, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 119 надвор од населено место.
Од МВР апелираат сите учесници да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се придонесе за побезбедни патишта.






