вторник, 23 декември 2025

Полицијата приведе пет лица кои терале деца да питачат

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, со лицата бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик.

Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите „Словенија” и „Јадранска магистрала”, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР посочуваат дека лицата се откриени при преземање мерки и активности за спречување на „питачење”.

Акцијата ја спровеле Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје заедно со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје изминатата недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ