Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје се изречени вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, предупредувваат од МВР.






