среда, 24 декември 2025

Полицијата најде три лица во гостиварско кои требаше да се во затвор

Објавено на

часот

Сподели

Вчера, во периодот од 10.20 часот до 17.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар на улиците „Никола Парапунов” и „Илинденска” во Гостивар, како и во гостиварски Балиндол, ги привеле гостиварците Б.С.(43) и Е.Љ.(27), и Б.Ј.(25) од с.Балиндол, велат од МВР.

За нив биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на затворски казни. Набргу потоа, нагласуваат од МВР, тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово” во Тетово за издржување на казните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ