среда, 24 декември 2025

Полицијата казни 310 пешаци во повеќе градови

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите пешаци, 217 преминувале улица на небезбедно место надвор од пешачки премин, а 77 не чекале за нив да се запали зелено светло…

Како што соопшти МВР,  од нив казнети се 141 на територијата на СВР Скопје, 36 на територијата на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола, како и во други места.

За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.

Министерството потсетува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ