Министерството за внатрешни работи соопшти дека била спроведена акциска контрола за евидентирање на прекршоци што ги прават пешаците.
Во соопштението се информира дека за преминување на улица надвор од пешачки премин се казнети 134 лица, а 25 поминале преку пешачки премин додека било запалено црвено светло за пешаците.За време на сообраќајните контроли напишани се и уште 89 казни за други прекршоци.
МВР предупредува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли и во наредните денови.






