Како што соопшти Министерството за внатрешни работи за време на акциската контрола санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.
МВР предупредува дека и денеска, како и во наредните денови, продолжува со ваквите акциски контроли и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Во исто време се апелира и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што не само што ќе бидат казнети, туку и си го загрозуваат животот.






