Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, како што вообичаено сооштува МВР, во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила.
Изречени биле и три казни за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување, три санкции за возач почетник.






