понеделник, 22 декември 2025

Полицајци со кучиња претресоа куќа во Љубанци, најдени самострел, револвери, рамки за пушки, муниција…

Објавено на

часот

Сподели

Вчера, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи при СВР Скопје, ЕВР – Одделение за криминалистички работи Чаир и Единицата за службени кучиња, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Д.К.(75) од село Љубанци, информира МВР.

„При претресот се пронајдени еден револвер „Застава”, еден револвер “Ekol viper”, еден сигнален пиштол, три рамки за муниција, две цевки – пригушувачи, 24 куршуми, шест рамки од пушки, еден самострел “Lightning by Barnett”, четири стрели за самострел.

Д.К. е лишен од слобода, приведен и задржан во полициска станица, во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ