„Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Н.А., главен пилот во Одделот за воздухопловни единици, поради сомнение за кривично дело фалсификување исправа по член 378 став 3 од Кривичниот законик. Според пријавата, тој незаконски впишал овластување TRI BELL 206 во својата дозвола и истото го употребил како вистинито во постапки пред надлежни институции во земјава и странство“, велат од МВР.
Полициски инспектор вработен во МВР со години управувал хеликоптер со фалсификувана дозвола
Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи неколку години управувал полициски хеликоптер со фалсификувана исправа, односно дозвола за негово управување. Во тој период, според информациите, со хеликоптерот се превезувале и високи политичари и министри.

Објавено на
часот





