При контрола на патничко моторно возило форд мондео со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, биле пронајдени огревни дрва за кои тој не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција.
Дополнително, во 22:50 часот, во реонот на превој Плетвар, полициските службеници пронашле и патничко возило сааб со швајцарски национални ознаки, оставено без возач. Во него исто така биле пронајдени огревни дрва, кои се предадени на Шумска полиција.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.






