понеделник, 8 декември 2025

Полицијата во проверка на камионите и автобусите

Од 17 до 23 ноември полицијата спроведува контрола на техничката исправност на автобусите и камионите, како дел до европската недела на Операции на камиони и автобуси на сообраќајните полиции ширум Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Како членка на асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, македонската сообраќајна полиција врши интензивни проверки на тешките товарни возила и автобуси со цел обезбедување побезбедни патишта за сите.

Од МВР информираат дека фокусот на акцијата и проверките е на: техничката состојба на возилата, консумирањето на алкохол и наркотици, проверка на документацијата и дозволите.

„Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот – но кога безбедносните правила се игнорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор напред кон поголема безбедност на возачите, патниците и сите корисници на патиштата“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ