Во мај 2024 на Пластичарската улица беше убиен Амар Исмани, а две лица беа тешко ранети. Орхан Бајрами Оки беше убиен на 15 јули 2023 година во луксузна вила во Ханиоти на Халкидики во Грција. Според тогашните информации, двајца маскирани напаѓачи влегле во апартманот каде што престојувал Бајрами и отвориле оган, при што биле испукани 19 куршуми. Бајрами почина на лице место, додека неговиот пријател беше сериозно повреден, но истиот преживеа.
Со последната акција треба да се комплетира целиот мозаик од случајот со убиството на Орхан Бајрами, но и убиството на Амар Исмани, за кои веќе има и други лица кои се под истрага и во затвор. Оваа полициска акција е уште еден удар на криминално бандитската мрежа во земјава.
Дел од оваа мрежа беше поврзан со добивањето македонски пасоши за светски криминалци, кои потоа непречено шетаа низ целиот свет.