четврток, 26 март 2026

Полицијата уапсила пијан стружанец, удрил во паркирано возило и избегал

Со 2,06 промили алкохол во крвта, лице од струшкото село Калишта управувало автомобил, удрило во паркирано возило и избегало, полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, вчера попладне во Струга, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Т. од селото Калишта.

„При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода со материјална штета на улицата Маркс Енгелсова во Струга, во која патничко возило мерцедес со струшки регистарски ознаки, управувано од пријавениот, удрило во   паркирано патничко возило фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на А.Ќ. од селото Велешта, струшко. Полициските службеници констатирале дека Л.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,06 промили алкохол во крвта“, пишува во соопштението на СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ